1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Чавез пред првиот вистински предизвик по многу години

На крајот од кампањата за претседателските избори во Венецуела, актуелниот шеф на држвата Хуго Чавез и неговиот предизвикувач Енрикe Каприлес Радонски уште еднаш ги мобилизираа нивните приврзеници.

Социјалистот Хуго Чавез, кој е на функцијата од 1999 година, пред десетици илјади приврзеници во главниот град на Венецуела, Каракас, укажа на тоа дека неговата влада успеала двојно да го намали бројот на сиромашни луѓе во земјата.

Според набљудувачите, Каприлес, кој е заеднички кандидат на опозицијата, е првиот сериозен конкурент на Чавез за претседателската функција по многу години. 40-годишниот Каприлес ја заврши неговата кампања во градот Баркусимето во сојузната држава Лара. Изборите во Венецуела ќе се одржат во недела (07.10).