1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Чавез починал од инфаркт, по долго страдање

Претседателот на Венецуела починал од тежок инфаркт по долгата битка со ракот. Погребот е закажан за утре во Каракас

Претседателот на Венецуела Уго Чавез почина од тежок инфаркт, откако многу страдаше и нечујно со поместување на усните изрази желба да живее, изјави еден од неговите телохранители.

„Не можеше да зборува, но со мрдање на усните рече: ’Не сакам да умрам, те молам, не дозволувај да умрам’. Тоа е затоа што ја сакаше својата земја. Тој се жртвуваше за својата земја“, изјави генералот Хосе Орнеља. Генералот истакна дека изминатите две години ги минал со Чавез, кој се борел со рак во пределот на абдоменот и оти бил со него во последните мигови од животот.

Генералот, кој стражари пред воената академија во која се наоѓа ковчегот на Чавес, не одговорил на прашањето дали ракот му се проширил на белите дробови. Владата пред смртта на Чавес соопшти дека тој добил нова, тешка респираторна инфекција. Тоа беше втората инфекција на дишните патишта, за која властите информираа по четвртата операција од тумор, на која беше подложен Чавез на 11 декември во Куба. Венецуелските власти не соопштија од кој вид на рак Чавес боледувал, ниту точната локација на туморот, кој му е отстранет.

Членовите на семејството и блиските соработници, како и претседателите на Аргентина, Боливија и Уругвај, му оддадоа почит покрај неговиот отворен ковчег. Чавез, кој беше претседател на Венецуела 14 години, ќе биде погребан утре.