1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Чавез повторно заболен од рак

Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез денеска треба да патува во Куба каде ќе му биде извршена нова операција за отстранување на новооткриениот малиген тумор.

Венецуелскиот претседател Хуго Чавез изјави синоќа дека кубанските лекари му откриле нов малигнен тумор, поради што ќе мора повторно да замине на операција.

Чавез, кој беше реизбран за нов мандат на 7. октомври за првпат изјави дека доколку дојде до влоушување на неговата здравствена состојба, негов наследник на функцијата ќе биде сегашниот заменик-претседател Николас Мадуро Морос.

Тој во телевизиското обраќање истакна дека анализите, кои во Куба му се направени неделава, покажуваат дека ракот во неговото тело метастазирал.

Педесет и осум годишниот Чавез додаде дека денеска повторно ќе отпатува за Куба, каде ќе биде подложен на операција, која ќе биде трета во година и половина. Инаку Чавез по реизборот на претседателската функција официјално новиот мандат на функцијата треба да го започне на 10. јануари.