1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Чавез: Опозицијата подготвува бунт

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез објави дека успешно е завршена серијата радиотерапии во Куба и оти се надева дека таа ќе има позитивен ефект врз неговата здравствена состојба.

Чавез се обрати до јавноста по враќањето од Хавана, каде мина 11 дена на третман против рак. Тој сака да се кандидира за реизбор на изборите во октомври. На крајот од говорот, во кој кажа дека мора да се придржвуа до советите на докторите, Чавез и запеа.

Со третманите тој започна кон крајот на март, по операцијата во февруари, кога му беше отстранет втор тумор од карличниот дел. Треманот му ги забави дневните активности и го спречи да спроведува кампања, како што правеше во минатото.

Таквата состојба ја искористи опозицискиот претседателски кандидат Енрике Каприлес, кој патуваше низ земјата со недели за да добие поддршка за претседателските избори, што треба да се одржат на 7-ми октомври. Но, Чавез се надева на скорешно обновување на кампањата.

„Како што минуваат часовите и деновите, со помош на медицината и моето војничко тело, ќе се вратам каде морам да бидам – на првата борбена линија, заедно со народот на Венецуела, промовирајќи ја социјалната револуција“, рече Чавез. Тој ги обвини неговите политички противници дека стартувале меѓународна кампања за зголемување на сомнежите за неговата посветеност на демократијата. Исто така, тој изјави дека опозициски групи планираат да покренат насилен политички бунт пред претстојното гласање.