1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Чавез има проблеми со дишењето

Владата на Венецуела по бројните шпекулации околу здравствената состојба на претседателот Хуго Чавез, сооопшти дека претседателот има проблеми со дишењето.

Претседателот има проблеми со дишењето поради компликации кои се појавиле по четвртата операција од рак, соопшти венецуелскиот министер за информации Ернесто Вилегас во кусо телевизиско обраќање. Проблемите со дишењето настанале поради „тешко воспаление на белите дробови“.

Чавез беше опериран во Хавана, на 11. декември. Владата на Венецуела потврди дека има доверба во кубанскиот тим лекари кој се грижи за Чавез.

Вилегас го предупреди населението во земјата дека опозицијата води „психолошка војна“ со гласините околу здравствената состојба на претседателот. Во изминатите недели шпекулациите за состојбата на Чавез стануваа се‘ побројни. Весниците пишуваат дека тој е во кома и дека се одржува во живот само со помош на машини.

Шефот на опозициониот сојуз МУД, Рамон Гиљермо Авеледо, побара јасност од владата: „Треба да почнат да кажуваат точно каква е актуелната ситуација. Информациите се‘ уште не се доволни“, побара опозициониот политичар.

Состојбата на претседателот е политички контроверзна поради тоа што тој беше неодамна резибран на функцијата. Според уставот, Чавез треба да положи заклетва на 10 јануари, или во спротивно Венецуела е соочена со нови избори.