1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Цути фалсификувањето на познати марки

Германското стопанство претрпува штети во износи од милијарди поради зголемната пиратерија на производи. Само германските фирми од фалсификувани производи, патенти или дизајнерски права годишно губат околу 30 милијради евра. Во целиот свет тој износ се проценува на 300 милијарди. Против ваквата пиратерија е поведена акција на европско и светско ниво под името „Ден против фалсификувањето„. Деновиве во ис

Босова мода: оригинал или фалсификат?

Босова мода: оригинал или фалсификат?

� ден беа јавно уништени фалсификувани производи во Франција, Данска, Финска и Германија.

Вообичаен ден во депонијата северно од Берлин. Четири мали транспортери во придружба на царински автомобил. Тројца цариници изнесуват кутии и пластични кеси и ја исфрлаат содржината во голема шахта. Спортски патики, маици, футроли за хенди, фармерки, цедиња и чевли се тркалаат удолу. Ако се погледа повнимателно ќе се видат само марки: Адидас, Бос, Долче и Габана, Нокиа... сето сосема ново, многу од нив уште нераспакувани, но сите фалсификувани, вели цариникот Кристијан Бем:

„Производителите кои сакаат да им се штитат марките, имаат електронска програма во која се вградени оригинални ознаки. Од нив имаме точни податоци како изгледа оригиналот. Врз таа основа ги прегледуваме производите и точно знаеме дали станува збор за оригинал или за фалсификат„.

Фалсификатите главно доаѓаат од Кина, Виетнам, Тајланд, Кореја и Турција. Ако царината ги препознае, веднаш ги запленува без оглед дали станува збор за турист кој ги носи од годишен одмор, или пак, трговец кој како испорачувач сака да ги внесе во Германија преку воздушен или морски пат. Само на берлинскиот аеродром Тегел во последната година во „мрежата„ се фатија 20 тони фалсификати со нагорна тенденција:

„Трендот е во пораст. Може да се каже дека во оваа година, во споредба со минатата, имаме најмалку двојно повеќе запленувања, зашто веќе сега е достигнато минатогодишното ниво„.

Бизнисот со фалсификувани марки цути и тоа го знаат во германското друштво за борба против пиратеријата. Членот на управниот одбор Дорис Мелер воопшто не се чуди што добивките од пиратеријата се поголеми од трговијата со дроги, а ризиците за откривање се далеку помали:

„Проблемот е во следново: проценуваме дека 8 до 10 насто од светската трговија отпаѓаат на фалсификувани производи. Во бројки тоа се годишни загуби за оригиналните производители меѓу 200 до 300 милиони евра„.

Таа уште додава:

„Фирмите создадоа таканаречени тимови за заштита на марките. Ако станува збор за големи фирми, тоа се десет до 20 соработници кои исклучиво работат врз откривање на фалсификатите и од каде доаѓаат. Некогаш е исклучително тешко да се открие изворот, посебно на оние што доаѓаат од трети земји каде што правниот систем не е сигурен како кај нас. Во такви случаи однапред се моежеме да кажеме дека сме загубиле„.

Фалсификатите во меѓувреме во голем стил се нудат и се продаваат преку Интернет. Дорис Мелер проценува дека уделот на фалсификувана стока во понудата на Ибеј изнесува меѓу 50 и 60 проценти.