1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЦСУ сакала да влијае врз телевизијата ЗДФ?

Се‘ почна со еден повик - портпаролот на ЦСУ Михаел Штреп наводно се јавил во втората германска телевизија ЗДФ за да спречи објавување на извештај за партиски конгрес на социјалдемократите. Штреп поднесе оставка.

CSU-Fahnen wehen am Donnerstag (06.10.2011) in Nürnberg (Mittelfranken) während der Aufbauarbeiten zum Parteitag vor dem Congress-Center. Am 7. und 8. Oktober findet in Nürnberg der diesjährige Parteitag der Christlich-Sozialen Union statt. Foto: Daniel Karmann dpa/lby +++(c) dpa - Bildfunk+++

CSU Fahnen Fahne Flagge Symbolbild Affäre Hans Michael Strepp ZDF Anfruf

Телефонскиот повик на портпаролот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Ханс Михаел Штреп во телевизијата ЗДФ во неделата (21.10) предизвика возбуда во јавноста во Германија и повторно отвори дебата за слободата на печатот и медиумите во земјата. Веќе самото сомневање дека некој сакал да се меша во слободното известување предизвика големи бранови, поради тоа што слободата на печат е висок принцип кој треба да се одбрани во секој случај. Штреп, во меѓувреме, како последица на скандалот поднесе оставка на функцијата портпарол на ЦСУ. Партискиот лидер Хорст Зехофер одговорил позитивно на неговото барање да биде ослободен од должноста.

Hans Michael Strepp

Ханс Михаел Штреп даде оставка

Весникот „Зиддојче цајтунг“ напиша дека Штреп се обидел да спречи извештај на ЗДФ во неделата вечерта за партискиот конгрес на баварските социјалдемократи (СПД) во Нирнберг. Весникот се повикува на извори во телевизијата.

Генералниот директор на ЗДФ д-р Томас Белут денеска соопшти: „Интенцијата на повикот беше јасна. За ЗДФ од одлучувачко значење е редакцијата да ја задржи новинарската независност. ЗДФ не дозволува политичко мешање и влијание врз програмата.“

Logo ZDF Zweites Deutsches Fernsehen

ЗДФ не дозволува политичко мешање и влијание врз програмата, соопшти генералниот директор Томас Белут

Главниот уредник на ЗДФ, д-р Петер Фреј, исто така соопшти: „Портпаролот на ЦСУ во неделата се обиде на различни начини да изврши влијание врз известувањето на ЗДФ за друга партија. Редакцијата на вестите извести како што беше планирано за партискиот конгрес на СПД и ја зачува својата новинарска независност.“

Баварското радио Бајерише Рундфунк денеска (25.10) јави дека Штреп се информирал за плановите за известување од конгресот на СПД и во првиот канал на јавниот радиодифузен сервис АРД.

Horst Seehofer / CSU / Bayern

Лидерот на ЦСУ Хорст Зехофер има проблем пред покраинските избори во Баварија

Лидерот на Христијанско-социјалната унија, која инаку е доминантна во покраината Баварија и е помал коалиционен партнер на ЦДУ на Ангела Меркел, Хорст Зехофер, денеска уверуваше дека случајот ќе се расчисти најбргу што е можно, но додаде дека Штреп му рекол оти случувањата не биле онакви како што се претставени во јавноста.

Опозиционите социјалдемократи и зелените бараат детално расчистување на случајот и повлекување консеквенци. Томас Оперман од СПД за „Шпигел“ изјави дека Зехофер ќе мора да се извини кај ЗДФ и јасно да каже дека „слободата на печат важи и во Баварија“. Според Оперман, од случајот на претседателот Кристијан Вулф, кој исто така се обиде да интервенира во весникот „Билд“, требало да се извлечат поуки. Фолкер Бек од редовите на Зелените пак, за АРД изјави дека е „шокиран“. Здружението на новинарите во Германија ДЈВ соопшти дека постапката е скандалозна и бара заострување на правилата против влијание на политика во јавниот радио-дефузен сервис.