1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Црн чад во Ватикан и денеска

И вториот круг гласање за нов папа во Ватикан не донесе резултат. Над Сикстинската капела и денеска (13.03.) имаше црн чад. Секој ден се предвидени дури четири рунди гласање.

Гласањето на 115 кардинали и на вториот ден на Конклавата не донесе нов папа. Вчерашниот прв круг гласање важеше само како тест за фаворитите. Од денешното гласање по двата претпладневни круга на гласање останаа два попладневни круга на гласање. Резултатите од претпладневното и попладневното гласање се очекуваат секој ден околу 12 и 19 часот, најави портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди.

Набљудувачите очекуваат куса Конклава, но не толку куса како кога беше избран Бенедикт Шеснаесетти. Доколку ваквите предвидувања се остварат, тогаш папа нема да биде избран ниту денеска.

Кандидати со најголеми изгледи се миланскиот надбискуп Анџело Скола и надбискупот со германско потекло од Сао Паоло, Одило Педро Шерер. Добри шанси имаат и еден канадски и двајца американски кардинали.