1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Црн петок за германските трупи во Авганистан

Вчера (18.02.) база на германскиот Бундесвер во авганистанската покраина Баглан беше нападната од авганистански војник. Тројца Германци го загубија животот, уште двајца се се` уште во критична состојба.

default

Германската база што во четвртокот ја посети министерот за одбрана, Карл Теодор цу Гутенберг, веќе следниот ден се претвори во сцена на која се одигра тежок атентат врз германските војници. Нападот бил очигледно изведен од војник на авганистанската армија, ангажиран во чувањето на базата во изградба. Гувернерот на провинцијата Баглан потврди дека престрелката се одвивала внатре во базата на германскиот Бундесвер.

Портпарол на талибанците демантираше дека тие стојат зад нападот. Тоа не е првпат војници од трупите ИСАФ да загинат во напади што ги извршуваат наводно пријателски настроени Авганистанци. Провинцијата Баглан, која порано важеше за една од најстабилните, во последно време заедно со Кундус се претвори во упориште на авганистанските талибанци.

Karte von Afghanistan mit den Provinzen Baghlan und Bamyan sowie der Hauptstadt Kabul englisch Quelle: DW

Провинцијата Баглан стана една од најопасните во Авганистан

Базата позната како „ОП Север“ и` стана позната на јавноста уште во декември минатата година, кога германски војник загина од истрел на друг германски војник. Тој случај се` уште е предмет на истрага на државното обвинителство. Минатата година вкупно пет германски војници ги загубија животите во борбите со востаниците во покраината Баглан.

Автор: Каи Кистнер / Трајче Тосев

Редактор: Горан Чутаноски