1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Црногорците бараат места во косовскиот парламент

Со промената на уставот на Косово на Црногорците ќе им биде признаен статусот на малцинство. Со тоа тие добиваат право да бидат застапени и во парламентот.

default

Слободан Вујчиќ, претседател на Црногорската демократска партија и Здружението на Црногорците во Косово е задоволен дека Црногорците до 10. септември официјално ќе влезат во косовскиот устав и ќе добијат статус на национално малцинство. Тој потсетува дека врз основа на пописот на населението од 1981. година, кој го признава официјална Приштина, на Косово имало 27.028 Црногорци и истакнува дека врз основа на тоа им следуваат три места во косовскиот парламент. Од кого ќе ги земат тие три места, со оглед дека косовскиот парламент брои 120 пратеници е посебно прашање за кое сега се водат остри полемики.

Нема Срби за десетте резервирани места

„Најреално и најлогично е тоа да се подели со српската заедница. Врпочем, не да се подели, туку ние да добиеме пратеници согласно со бројот на припадници на црногорската националност. Значи сметаме дека нема толку Срби за тие да имаат десет резервирани пратенички места. Нелогично е е таа повторна распределба да се врши на штета на приемер на бошњачката или турската заедница, Ромите, Ашкалите, Египќаните... Постоеше имено Србија и Црна Гота и врз основа на тоа мислење дека Црногорците се православни се направи еден корупус на Косово, а тоа е српската заедница и врз основа на тоа се добиени тие 10 места“, вели Вујчиќ.

Снежана Караџиќ, секретар на Црногорската либерална партија не го дели мислењето на својот сонародник. Според неа моделот за влегување на Црногорците во косовскиот парламент, мора да биде преку договор на сите актери.

Kosovo Parlament in Pristina Regierung

„Ќе работиме на тоа меѓународната заедница, косовската влада и нашата матична држава Црна Гора да изнајдат модел за наше вклучување во уставот. Меѓутоа не сме за тоа ние да бидеме тие кои ќе сугерираат модел според кој би можеле да се вклучиме или пак да бараме на една заедница да и се одземе некое место за да и припадне на црногорската националност. Моделот на наше вклучување во косовскиот устав, исклучиво мора да биде договор меѓу сите актери околу тоа прашање а не наша сугестија“, вели Караџиќ.

Српската заедница не ги дава своите места

Петар Милетиќ, потпретседател на собранието на Косово од Самостојната либерална партија го поддржува официјалното признавање на Црногорците како национално малцинство. Тој меѓутоа вели дека српските пратеници ќе попречат каков било развој на настаните кој би водел до губење на некое од 10-те загарантирани места за српската заедница во парламентот.

„Реформата на уставот е во тек, но ние како српска заедница ќе се бориме да ги зачуваме загарантираните места во парламентот кои ги имаме според актуелниот устав. Така искрено се надевам дека ни претставниците на црногорската заедница не сметаат дека тие евентуални места утре би требало да ги добијат на штета на српската или која било друга заедница“, порачува Милетиќ.

За Црногорците едно а не три пратенички места

Д-р Арсим Бајрами, претседател на парламентарната комисија за промена на уставот и професор по уставно право на Универзитетот во Приштина вели дека на Црногорците им следува едно, а не три пратенички места и оти за решавање на тоа прашање постојат повеќе можности.

„Првата можност е во рамките на 20 места загарантирани за малцинствата едно да се резервира за црногорското малцинство. Се’ уште не е одлучено дали ќе биде земено од Србите или од други малцинства. Втора можност е да де прошири бројот на пратеници преку 120. И трета можност е самото црногорско малцинство да постигне политички договор, пред се’ мислам со српската заедница, цо цел тие да се најдат во рамките на квотата од 10 пратеници Срби. Кој било договор да биде постигнат, уставната комисија ќе го имплементира.“

Косовскиот парламент врз основа на постоечкиот устав брои 120 пратеници. Од нив 20 места се резервирани за неалбанските заедници, од кои најмногу- 10 за српското малцинство.