1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Црни предвидувања на грчката централна банка

Животниот стандард во Грција би опаднал за најмалку 55 проценти, невработеноста би се зголемила до 34 проценти, а инфлацијата би достигнала 30 проценти, предвидува Централната банка на Грција.

Грчката централна банка предвидува драстичен пад на приходите по глава на жител, раст на невработеноста и инфлацијата доколку земјата излезе од еврозоната и ја врати драхмата.

Анализата на оваа најголема трговска банка во Грција е објавена на две недели пред новите парламентарни избори закажани за 17-ти јуни, од чиј резултат во голема мерка ќе зависи останувањето на земјата во Европската монетарна унија.

Според НБГ, опасноста Грција да ја напушти еврозоната повеќе не е само теоретска и ако дојде до тоа, земјата ќе се соочи со драматични последици.

„Напуштањето на еврозоната ќе доведе до значително опаѓање на стандардот на граѓаните“, се наведува во анализата, со проценка дека приходите на Грците ќе бидат помали за над 55 проценти.

НБГ проценува дека ново-старата грчка валута - драхмата, што би го заменила еврото при евентуално истапување на Грција од евозоната, уште на самиот старт ќе падне на 65 отсто од почетната вредност, а рецесијата дополнително ќе се продлабочи.

Стапката на невработеност од сегашните 22 ќе порасне на 34 проценти, а инфлацијата од сегашните два ќе скокне на околу 30 отсто, проценува банката.

Во текот на денов се очекува НБГ да објави колкава загуба остварила во првиот квартал од 2012-та година.