1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црни анализи на СиЕнЕн и Економист за Македонија

Според анализите на лондонски „Економист“, на Македонија следната година и‘ се закануваат социјални немири. СиЕнЕн, пак, економијата на земјата ја рангира меѓу најлошите во светот.

default

Македонија е во групата земји во кои во 2014 година постои висок ризик од социјални немири, покажало истражувањето на лондонски „Економист“, спроведено во 150 земји.

Од европските земји, во оваа категорија покрај Македонија се и Албанија, Белорусија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Молдавија, Португалија, Романија, Шпанија, Турска и Украина, но во категоријата исто така, има и земји како Буркина Фасо, Камбоџа, Камерун, Хаити и Иран.

Земји во кои во 2014 година постои доста висок ризик од протести се Аргентина, Бахреин, Бангладеш, Боливија, Египет, Грција, Гвинеја, Ирак, Либан, Либија, Нигерија, Судан, Свазиленд, Сирија, Узбекистан, Венецуела, Јемен и Зимбабве.

Најмал ризик од протести има во Австрија, Данска, Јапонија, Луксембург, Норвешка и Швајцарија.

Проценката на ризикот од социјалните немири ја изработува истражувачката мрежа на „Еконимист“, а таа се врши врз основа на неколку фактори, од кои најважна е економската состојба, а се гледа и стабилноста на институциите и актуелната власт.

„Падот на приходите и високата невработеност не резултираат секогаш со протести. Само кога економските потешкотии се пропратени со другите елементи на ранливост, тогаш постои висок ризик на нестабилност. Такви фактори се големата нееднаквост во приходите, слабата влада, ниското ниво на социјалната заштита, етничките тензии и историјата на немирите“, вели претставник на „Економист“.

Во друштво со најлошите

Symbolbild IWF senkt Wachstumsprognose für Deutschland

Анализата на СиЕнЕн е изработена според проценките на ММФ

Еден од водечките светски медиуми, американскиот СиЕнЕн, пак, во анализа за состојбата на економиите во светот, македонската ја вброи меѓу петте најлоши во 2013. година. Во друштво со Македонија на оваа листа се уште Централна Африканска Република, Иран, Малави и Јапонија.

При тоа, Централна Африканска република има најсилен пад на БДП од 14,5 отсто, Малави е со најнизок БДП по глава на жител од 215 долари, Иран има инфлација од 42,3 оттсо, Македонија е со невработеност од 30 проценти, а Јапонија има најголем долг кој изнесува 244 оттсо од БДП.

Во објаснувањето за Македонија, како што пренесува СиЕнЕн, се вели:

„Македонија, втора година по ред, е на врвот на листата според невработеноста. ММФ предвидува дека речиси една третина од работниците на Македонија ќе бидат без работа оваа година. Но, сепак можни се и олеснувачки околности. Впрочем, се очекува скромен пораст во економијата, која ги вклучува земјоделството, текстилната индустрија и производството на автомобилски делови“.