1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Црнец или жена?

Во американската сојузна држава Јужна Каролина, денеска се одржуваат предизборите кај демократите за кандидат за претседател. Се избира меѓу двајца историски значајни кандидати - црнец или жена?

default

Барак Обама во Јужна Каролина

Во Чарлстон марш во чест на Мартин Лутер Кинг. На борецот за човекови права му се оддава голема чест зашто, конечно, една третина од населението во сојузната држава Јужна Каролина е црнечко. Артур Веринг ја посматра парадата. Тој денеска треба да го даде неговиот глас - за црниот сенатор Барак Обама: “Ова е време кое ќе влезе во историјата. Треба да бираме меѓу црнец и жена. Досега за претседатели имавме секогаш мажи белци. Јас не сум расист, но пред да ја напуштам оваа земја сакам да доживеам да имам еден претседател црнец“, вели тој. Клинтон е омилен во Јужна Каролина Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, е омилен во Јужна Каролина. Клинтонови направија нешто за црнците во Америка. И, ако Хилари Клинтон заедно со Бил влезе во Белата куќа, тоа не би било лошо. Патриција Браун вели: “Тоа е плус за Хилари. Нејзиниот сопруг добро ги познава сите теми, внатрешно политички и светски. Тука доаѓа и нејзиното искуство плус.“ Кој е подобар - искусниот или визионерот?

Bill Clinton Wahlkampf South Carolina

Бил Клинтон на предизборен собир на неговата сопруга

Коди Ченс доаѓа на еден собир на Хилари како приврзаник на Обама. На собирот говори Бил Клинтон и Ченс си заминува како избирач кој ќе гласа за Хилари, а не за Обама. Барем така вели: “Кога ќе ти се расипе кочницата на автомобилот, кој ќе ја поправи - некој со искуство или некој што има визија?“
За Коди одговорот е јасен - Клинтонови имаат искуство. Приврзаниците на Обама, пак, наспроти тоа, полагаат врз неговата способност за интеграција. Џефри Купер е белец во средината на неговите 50-ти. Тој дошол од Гринвуд за одблизу да го гледа Обама: “Обама е можеби единствениот кандидат кој има шанса да ги поврзе луѓето во оваа земја. Навистина сум сит од оваа партиска политика - демократи против републиканци. Обама би можел да биде катализатор кој ќе дејствува меѓу двата политички кампа.“ Да се бира најдобриот Многумина во Јужна Каролина ќе се одлучат за кого ќе гласаат дури денеска (26.01.2008), на денот на изборите. И, тоа како што тврдат многумина, одлучувачки нема да биде полот, ниту бојата на кожата. Избирачите како Тајрон Бенкс имаат еден критериум - кој или која е подобар, односно подобра.