1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Црна Гора почнува преговори со ЕУ

Шефовите на дипломатиите на државите од Европската унија одобрија почеток на преговори за членство на Црна Гора во Унијата, кои официјално ќе почнат на 29 јуни.

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија дадоа зелено светло за почетокот на преговорите за придружување на Црна Гора кон Унијата. „Советот ја усвои оценката на Комисијата дека Црна Гора постигнала неопходен степен на усогласеност со критериумите за членство“, се вели во заклучоци на Министерскиот совет на ЕУ. Во заклучокот од денешниот Министерски совет во Луксембург Црна Гора се повикува и да ги засили напорите во борбата против организираниот криминал и корупција.

NO FLASH EU Montenegro Brüssel Belgien

Министрите ја овластиле европската полициска служба, Европол, да изготви извештај за организираниот криминал во Црна Гора, кој ќе биде вметнат во материјалите на Комисијата додека трае процесот на мониторинг.

Црна Гора преговорите на 29-ти јуни ќе ги започне со отворањето на поглавјето кое се однесува на владеењето на законите и основните човекови права.

Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, на својот твитер профил ја поздрави одлуката на Министерскиот совет.