1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Црна Гора недостапна за нискобуџетните авиокомпании

Црна Гора е типична авиодестинација. Црногорската влада постојано најавува вклучување на нискобуџетни компании за првозот на туристи. Меѓутоа е чини дека тие напори, барем ова лето, повторно ќе останат неуспешни.

За туристичките работници нема дилема - црногорската влада се’ уште не сака да се откаже од својот монопол. Тие тврдат дека ќе имаат штетни последици по прометот во хотелите и вкупниот имиџ на земјата.

Имено, доколку нискобуџетните авиокомпании се одлучат да летаат кон Црна Гора би морале на претпријатието „Аеродроми Црна Гора“, кое е стопроцентна сопственост на црногорската влада, да му платат 2,5 пати поголема такса, отколку што е тоа вообичаено во Европа, односно дури 16 евра по патник.

Flugzeug der irischen Billigfluggesellschaft Ryanair

Ирската нискобуџетна компанија „Рајнер“ нема да лета за Црна Гора

Ваквата ситуација ја одби ирската компанија „Рајнер“, па мали се можностите оваа сезона од Европа да се лета ефтино кон Црна Гора. Црногорската влада пред секоја сезона најавува такви чекори, меѓутоа конкретни резултати досега нема.

Билет од Франкфурт до Подгорица преку црногорскиот национален превозник „Монтенегроерлајнс“ чини околу 300 евра и како што истакнува поранешниот директор на претставништвото на агенцијата „Југотурс“ во Германија, Вукашин Ќулафиќ, ценовно сосема неприфатливо. За ДВ тој оценува дека владата на премиерот Игор Лукшќ на овој начин испраќа лоша порака до гостите.

„Божем се мачиш и се обидуваш да потпишеш некаков договор со нискобуџетни компании, а всушност тоа намерно го одолговлекуваш. Незнам зошто Хрватска е толку глупава, па дозволи да слетуваат, мислам 22 авиони од тие компании, а ние сме толку паметни па немаме ниту едена“, наведува Ќулафиќ.

Montenegrinische Stadt Kotor

Котор

Констатирајќи дека поволностите, ефтините билети ќе им служат и на црногорските грѓани, професорот за туристичка економија Силвана Ѓурашевиќ вели дека доаѓањето на такви превозници во воздушниот сообраќај би било многу пожелно, во ситуација кога проектите за изградба на автопат или брз железнички сообраќај се’ уште се фикација.

„Затоа ни преостанува најмалиот трошок кој можеме да го направиме и мислам дека државата брзо мора да најде начин да го реши тоа прашање“, истакнува Ѓурашевиќ и напоменува дека нискобуџетниот превоз е втората голема предност за туризмот, покрај интернетот.

Според нејзините зборови, влегувањето на тие компании би го зголемило бројот на гостите од Западна Европа и би ја продолжило туристичката сезона во Црна Гора. Црногорската влада соопшти дека сепак очекува годинава сезоната да биде далеку поуспешна од минатата.