1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Црна Гора и официјално се раздели од Србија

Со усвојувањето на одлуката за прогласување независност синоќа во Црногорскиот парламент и формално е прогласено обновување на црногорската државност

default

Со одлуката Црна Гора е дефинирана како независна држава со полн меѓународен правен субјективитет во нејзините постојни државни граници.Црна Гора со обновата на државноста ги презема и сите работи кои ги вршеа институциите на државната заедница Србија и Црна Гора.Претседателот на Парламентот Ранко Кривокапиќ:

-Обајвувам дека Собранието на Црна Гора донесе одлука за прогласување независност.Пратениците и народот ја вратија својата држава меѓу слободните народи и држави,изјави Кривокапиќ.

Собранието ја усвои и Декларацијата за независност во која се наведува дека Црна Гора ќе продолжи да се изградува како граѓанска држава,мултинационална ,мултикултурна и повеќеверска заедница.Во Декларацијата е содржана определбата за евроатлански интеграции,влегување во ОН,Советот на Европа,ОБСЕ и Светската трговска организација.Во Декларацијата се изразува интерес и целосна готовност со Србија да се решат прашањата околу досегашните права и обврски и да се развиваат добри и пријателски меѓудржавни односи.Свеченото прогласување на независноста на Србија и Црна Гора на кое присуствуваа највисоките политички и претставниците на извршната и судската власт,како и претставникот на Европскиот парламент,Јелко Кацин,заврши со интонирањето на црногорската химна и подигањето на јарбол на знамето пред Собранието и со голем огномет.

На свеченоста не присуствува претставиците на партиите кои се залагаат за продолжување на државната заедница со Србија,поради како што рекоа,нерегуларност на референдумот.Три партии од блокот за заедничка државаа соопштија дека нема да ги признаат резултатите од референдумот,додека најсилната Социјалистичка народна партија во соопштението по состанокот на Главниот обро не се изјасни експлицитно по ова прашање.Додека приврзениците на независноста слават,СНП соопшти дека започнаа разни видови прогони и притисоци против граѓаните кои гласале за останување на заедничката државна заедница со Србија.

Во медиумите се пренесува дека ЕУ веднаш ќе го поздрави формалното прогласување на независноста на Црна Гора,со што ќе се отвори патот членките од Унијата да ја признаат Црна Гора за независна држава.Премиерот Мило Ѓукановиќ во неколку наврати истакна дека би сакал прв акоја ќе ја признае Црна Гора да биде Србија.