1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Црна Гора - битка против организиран криминал

Специјалната единица на полицијата во Будва има особено многу работа. Освен домашните криминалци, меѓу туристите постојано има и членови на банди од Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.

Полициска акција во црногорскиот пристанишен град Будва. Полициските „специјалци“ уапсија двајца криминалци.

Дамиан Касалица, раководител на тим од иследници, дознава дека за време на апсењето дошло до тепачка.

„Имате некаков проблем?“, прашува Касалица.

„Која е причината за ова?“, полудрско прашува уапсениот.

„Сега ќе имаш проблем кога ќе појдеме таму и тоа голем“, одговара Касалица.

„Верувајте дека ви се причинува.“

Дамиан Касалица, раководител на Специјалната полициска единица Будва известува:

„Собрано е нешто што чини многу пари. Во тоа возило се млади лица. Вршиме контрола на таквите возила и возачи. Посебно ако и’ се интересни на нашата служба - лица кои се занимаваат со криминал“.

Уапсените беа сослушани во полициската станица, но наредниот ден тие веќе беа пуштени на слобода.

Криминалните банди од Западен Балкан се добро поврзани и дејствуваат во цела Европа. Полицијата располага со снимки од камери за набљудување во Франција и Монако. Провалниците се од Црна Гора и Србија.

Токму затоа што во меѓувреме организираниот криминал во цел Западен Балкан е меѓусебно поврзан, Европската унија ја помага првенствено прекуграничната соработка на полициите.

Karte Europa MSOE

Битката против криминалот вклучува и соработка со соседството

Повремено се врши вежба на потера преку босанско-црногорската граница.

Сторителите не смеат едноставно да побегнат во соседните земји.

Коррдинатор на вежбата е Австриецот Томас Пепер.

Тој добро го познава регионот, оти честопати ги посетувал балканските земји.

„Станува збор за прекуграничен криминал, со организирани банди кои одамна постојат, делумно и со  изградени структури за да можат да ги користат нивните од порано создадени контакти. Се практикува секаква форма на организиран криминал - шверц со дроги, шверц на ситно оружје, суровини за дроги... едноставно целиот спектар“, вели Томас Пепер, советник во МВР на Австрија.

Од почетокот на деведесеттите години на минатиот век со Црна Гора владее истата политичка елита: повеќе од 20 години на власт е партијата на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ, во чие време корупцијата се’ повеќе зема замав. Критичарите ја сомничат партијата за тесна поврзаност со меѓународниот шверц на цигари и дроги. Наводно во меѓувреме 35 организирани банди си ги поделиле меѓусебно стопанските и туристички активности на црногорското приморје.

Во еден пропаганден филм Министерството за внатрешни работи се перчи дека го победило организираниот криминал. Но, реалноста на улиците на Црна Гора е поинаква.

Специјалната единица на полицијата во Будва има особено многу работа. Освен домашните криминалци, меѓу туристите постојано има и членови на банди од Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.

„Се случува да пронајдеме  помали количества дрога или оружје - огнено оружје, пиштол или нешто такво. Недозволено е поседувањето на дрога, ладно и огнено оружје. Запираме некој поскап автомобил и ако лицата ни се сомнителни, односно интересни“, вели Никула Радуловиќ, полициски „специјалец“ од Будва.

Во меѓувреме „специјалците“ на Дамиан Касалица повторно фатија еден поситен криминалец.

„Знаеше ли дека за тебе има налог за аспење? Учествуваше ли во некое нарушување?“ го испрашува Касалица. Уапсениот се правда:

„Не, не знаев. Пиев... Можеби да...“

„Што си пиел?“

„Пијан бев, не се сеќавам што се случи“.

„Ќе се сетиш. Гледаш дека фино те прашувам, а ти... Ништо“.

Прашање е само, до кога ...

Шефовите на озлогласените банди досега секогаш имаа среќа. Никој не беше уапсен. Секојдневната работа на „специјалците“ е како борба со ветерници.