1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црната кутија треба да го даде одговорот

Денеска е комеморативната седница,а утре погребот на 11-мината македонски војници кои загинаа во близина на Скопје.Причината за несреќата сеуште не е утврдена.Утре е ден на жалост

default

Зошто се урнал хеликоптерот,истрагата трае

Синоќа заврши идентификацијата и обдукцијата на жртвите,објавени се имињата на мировниците,професионални војници со чинови на возраст од 26 до 40 години.Причината за несреќата сеуште не е утврдена.Од досегашниот тек на истрагата познато е само дека хеликоптерот имал проблеми со одржувањето на висината.Црните кутии се најдени,се преслушуваат разговорите на пилотите.Министерот за одбрана Лазар Еленовски тврди дека армискиот МИ17 бил редовно сервисиран.

„Тој хеликоптер по број 304 всушност беше и најдобриот,бидејќи беше опремен,модернизиран,ремонитиран и досега немаше никакви проблеми.“

Хеликоптерската несреќа се случи завчера попладне во близина на скопскиот аеродром каде што требаше да слета воениот транспортер.11-те војници се враќаа дома по шестмесечната мисија во БиХ во мировната мисија Алтеа.Утре е ден на жалост.