1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црквите „плачат“ за современи зографи

Фреско-живописот во црквите-споменици на културата го конзервира државата. Во новите, слика којшто ќе стигне. Одговорноста е на епархиите, ама ктиторите се посилни. Потрагата по квалитетни фреско-сликари продолжува.

default

Она што кон крајот на 13 и почетокот на 14 век го насликале и оставиле зад себе врвните зографи Михајло и Ефтихиј, е од непроценливо богатство за Македонија, сметаат стручњаците. Но, низ вековите колку што се градело, толку и се разградувало. Посебно на удар е фреско-живописот. Искусниот конзерватор Љупчо Дескоски од Охрид, кој живее во Виена и често е низ македонските цркви, вели:

„Во нашиот предел основен проблем на фреско-живописот се солите кои излегуваат од малтерот. Тоа не е само од нивото на езерото, туку и на повисоките коти. Солите доаѓаат од почвата и материјалите кои се користеле некогаш, излегуваат на површината и вршат деструкција.“

Апел да се формира едукативен центар за конзерватори

Македонија има конзерватори кои занаетот го специјализирале низ светот. Еден од нив е и Владо Мукоски од Националниот конзерваторски центар од Скопје. Тој апелира да биде формиран едукативен центар:

Ikonostas Sv.Jovan Bigorski

Фреско-живописот е на удар

„Кај нас конзерваторството не може да се специјализира, туку може само да се осознаат основите. На Факултетот за ликовни уметности, во трета и четврта година, има изборен предмет конзервација и реставрација. Но, тоа ни оддалеку не ги исполнува светските нормативи во оваа област. Да не дојдеме во ситуација да колабира нашето знаење - кадарот го има се‘ помалку, а интересот не е голем. Црвената линија е веќе помината. Треба да се формира едукативен центар и од таму тие кадри да се вработат во Заводите за заштита. “

Случаи кога фреско-живописот се прави одново

Во глобала е се‘ под контрола, колку што дозволува буџетот се интервенира. Сепак, проблемот со квалитетот во фреско – сликарството е изразен при изградбата на нови верски објекти. Државата и црквата немаат целосен механизам за тоа кој ќе биде ангажиран да прави фрески. Нашиот извор од Македонската православна црква кој сакаше да остане анонимен, рече дека често имаат проблеми во оваа област. Постои православен канон во сликањето кој треба да се почитува, МПЦ градбата на црквите им ја препушта на епархиите и црковните одбори, а таму, од ред причини, секој работи по свое. Често главниот збор го имаат ктиторите, спонзорите на новите сакрални објекти. Тие сами одлучуваат кој ќе гради и кој ќе ги прави фреските и иконите. Сликаат стручни, а има и

Orthodoxe Weihnachten in Mazedonien

Државата и црквата немаат целосен механизам за тоа кој ќе биде ангажиран да прави фрески

лица кои не ги познаваат тајните на зографството. Има и случаи кога митрополитите побарале фреско-живописот да биде одново направен или препокриен, а одредени

претстави да бидат сменети.

Светиклиментовиот храм во Охрид се‘ уште без фрески

Сепак, колку е сериозен пристапот на надлежните институции, особено при фреско-сликарството говори и податокот дека Светиклиментовата црква на Плаошник, осум години е без фрески, објаснува Тања Паскали – Бунташеска, актуелен директор на Заводот и Музеј во Охрид и една од директните учесници во градбата на овој објект:

„При возобновата на црквата беше формиран одбор во кого членуваа реномирани лица, историчари на уметност. Тие донесоа одлука возобновената црква да не смее да се фреско-живописува се‘ додека не се најде стрчно лице кое тоа ќе го изврши.“

Факт е дека ограничениот буџет доведе и Охрид, градот со најмногу сакрални објекти во Македонија, во Заводот и Музеј да нема вработен конзерватор.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска