1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црква во спомен на убиените кај Смилковското Езеро

Месните заедници Стајковци, Смилковци, Црешево и Виниче во општина Гази Баба ja иницираа изградбата на црквата како траен спомен за петтемина убиени во злосторството што ја потресе Македонија во април минатата година.

Кај Смилковското езеро, на местото викано Кршиколе или Крст, денеска беше поставен и осветен камен-темелник на црквата „Светите четириесет маченици - Младенци“ што ќе се гради во траен спомен на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стефковски, кои беа убиени на 13 април минатата година, на Велики четврток.

Во присуство на роднини на убиeните, благослов за изградба на црквата даде поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Изградбата на храмот ја иницираа месните заедници Стајковци, Смилковци, Црешевои Виниче во општина Гази Баба.

Судскиот процес за грозоморното убиство кое ја потресе цела земја почна на 20-ти декември минатата година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Судењето се снима визуелно и тонски со две камери. На другите двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство, им се суди во отсуство.