1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црквата Света Богородица во Лешок, стара седум века пред конзервација

Граѓаните на Македонија од православна вероисповед го славата верскиот и првпат дежавен празник, Голема Богородица. Се празнува и во Лешочкиот манастирски комплекс.

default

Икона

Илјадници луѓе деновиве влегуваат во малата црква Успение на Света Богородица веднаш до Лешочкиот манастир, за да се поклонат пред иконите и фреските на ѕидовите со ликот на Богородица. Токму оваа црква, по брза постапка ќе се спасува од пропаѓање, со проект на македонската влада.

Наредните денови ќе почне конзервацијата на иконите, фрескоживописот и архитекурата.

Изграден е во 1326 година врз темели на рано христијанска базилика. Двапати е уриван и обновуван, овој културно историски споменик заштитен од државата, заедно со Лешочкиот манастир претставуваше силно жариште на народната писменост и просвета и на отпорот против денационализатораската и асимилаторска политика на српската црковна патријаршија и на бугарската егзархија особено во 19 и 20 век.

Времето и недоволната грижа на државата досега го сторија своето. Сречко Јовановски директор на музејот на тетовскиот крај вели, дека црквата за жал во моментов се наоѓа во многу лоша сосотојба, поради тоа што кровната конструкција пропушта вода, така што има оштетување на фреските поради атмосферските влијанија.

Верниците посочуваат пак дека црквата претставува светилиште за православниот народ и оти треба колку што е можно побрзо да се најдата средства за црквата, бидејќи таа постоела седум века.

Проектот за заштита на црквата Света Богородица во лешочкиот манастирски комплекс ќе го реализира националниот конзерваторски институт во Скопје. Валентина Поцевска виш конзерватор нагласува, дека полсе празниците може да почне конкретната работа на конзервација на иконите, архитектурата и фрескоживописот.