1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Црквата на крстопат по пет години Бенедикт

Денеска (19.04.10) се навршуваат пет години од доаѓањето на папата Бенедикт Шеснаесетти на чело на Католичката црква.

default

"Quo vadis Domine?"

Папата од Германија се искачи на Петровиот престол со најава дека ќе го засили единството на црквата, но таа на неколку полиња моментално се наоаѓа во криза - не само поради излегувањето на виделина на бројните скандали со сексуална злоупотреба на малолетници во црковните установи. Тежок удар за црквата беа и приближувањето на новиот папа кон традиционалистите - отпадници од црквените редови, меѓу кои е и британскиот бискуп Ричард Вилијамсон, кој го негира постоењето на холокаустот. Оваа и уште неколку други спорни одлуки на Бенедикт Шеснаесетти придвижија бранови на критика, како од теолозите, така и од црквената база.

Еуфорија и разочарување

„Дека тогашната еуфорија околу папата нема да потрае долго, тоа му беше јасно на секој малку поискусен човек,“ оценува теологот и поранешен ученик на Јозеф Рацингер од времето додека тој предаваше на Теолошкиот факултет од Регенсбург, Волфганг Бајнерт. Но, тој исто така нагласува дека ни нему не му било јасно дека од толкавата еуфорија во 2005 година денес само малцинство од верниците ќе се идентификуваат со папата.

Papst spendet Segen Urbi et Orbi

Колкумина стојат уште зад него? Папата дели благослов во Ватикан

Зошто е тоа така и во која насока ја води католичката црква Бенедикт Шеснаесетти? Според професорот по етичка теологија Еберхард Шокенхоф, новиот папа уште не ја нашол главната тема на неговиот понтификат: „Освен тоа има и цела низа спорни поединечни акции на папата, кои будат сомнеж дали црквата под негово водство навистина се движи во насока на католичко христијанство оспособено за иднината или пак и неговото владеење ќе остане составен дел на реформскиот застој од последните 30 години.“

Баланс меѓу дијалог и догма

Понтификатот на Бенедикт може накусо да се окарактеризира како балансирање меѓу дијалогот и догмата. Во говорот пред кардиналите во Ватикан по повод неговиот избор за папа во 2005 година, Јозеф Рацингер се изјасни за засилување на меѓурелигиозниот дијалог и екуменските настојувања. По изборот тој ја смени улогата и не беше повеќе „големиот инквизитор“ кој претседаваше со Верската конгрегација на католичката црква како дотогаш, туку се постави како суптилен интелектуалец на папскиот трон.

Flash-Galerie Wochenrückblick KW 12 2010 Papst mit Kreuz

Но, и така видоизменетиот папа сепак успеа да направи неколку сериозни грешки, како што беше критиката на сметка на исламот, добро спакувана во верско научна терминологија. Германската јавност меѓутоа релативно брзо му го прости говорот од септември 2006 година што ја содржеше критиката на исламот, одржан на Универзитетот во Регенсбург, каде папата порано предавал како професор. Неполна година подоцна, во јули 2007, Бенедикт си дозволи уште еден крупен чекор во погрешна насока. Тој имено го потпиша документот на Верската конгрегација, во кој протестантската црква не се прифаќа „како црква во вистински смисол на зборот“. Тоа беше сериозен удар за најавениот екуменски курс на папата. На тоа не реагираше со огорчување само тогашната претседателка на Советот на протестантската црква во Германија, бискупот Маргот Кесман, туку и католичката база на верници. Дури и теолози кои се сметаа за верни на папата вртеа со главите во знак на неодобрување. Тоа е во спротивност и со одлуките на Вториот концил, оценува теологот Еберхард Шокенхоф.

Помирливост кон тардиционалистите

Наспроти ваквиот тврдокорен став кон протестантите, Бенедикт 16-ти покажа зачудувачки мек и попустлив

Galerie: Papst Benedikt Bild 7, 1. Messe von Papst Benedikt

Бенедикт 16-ти на миса

пристап кон козервативно-традиционалистичкото „Братство на Пиј“. Тој имено им дозволи да одржуваат миси според правилата што важеле пред Вториот концил, а ја врати и молитвата за Велипеток, во која христијаните се молат за преобраќање на Евреите. Конечно, Бенедикт ја укина и екскомуникацијата за нелегално назначените бискупи во Братството во Англија, меѓу кои беше и негаторот на холокаустот Ричард Вилијамсон. Тоа се’ заедно предизвика сериозна криза во односите меѓу христијаните и Евреите, огорченост кај верниците и конечно и јавна вербална шлаканица од канцеларката Ангела Меркел.

Црквата на крстопат

Така на крајот на петте години од устоличувањето на новиот папа, католичката црква стои на крстопат. Теологот Волфганг Бајнерт смета дека црквата не може да продолжи по сегашниот пат. Таа напротив би требало да ја искористи кризата и да се соочи директно со отворените прашања како што се: постоењето жени свештеници, односот кон браковите што ги склучуваат луѓе од различни вероисповеди, како и статусот на луѓето кои биле разведени и потоа повторно се венчале.

„Тоа значи дека мораме да сториме нешто ново, мораме да го надмине застојот на полето на реформите. Можеби тоа е една од најпозитивните карактеристики на овој понтификат, тоа што на целата католичка црква и’ стана јасно дека смее и мора да се отвори кон новото...“ - порачува поранешниот ученик на папата Бенедикт, Волфганг Бајнерт.

Автор: Антје Дехерт/Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска