1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Црквата како платформа за искачување

Речиси секоја десетта црква во Германија е затворена поради недостаток на верници. Додека се трага по решение за проблемот, една црква во Менхенгладбах најде контроверзно решение: таа е претворена во сала за искачување.

default

Црква во Менхенгладбах

Kатоличката црква Свети Петар Валдкирхен во Менхенгладбах во Северна Рајна Вестфалија - тука веќе одамна никој не се моли. Црквата ја презедоа т.н. црковни алпинисти. Ова е досега единствен ваков случај во Германија. Спортистите ја презедоа црквата откако црковната управа предводена од Герд Ламерс ги затвори вратите поради недостаток на верници.

„Тоа за нас беше тешка одлука. За првпат објектот беше затворен во 2007 година и се постави прашањето: како понатаму да се користи? Одлуката се одолговлекуваше двеипол години додека не се дојде до решение да се користи за ова што е сега“, вели Герд Ламерс, раководител на црквата.

Заедницата одлучи црквата да се изнајми и оттогаш спортистите секојдневно се искачуваат во правец на небото. За спортистите ова место и не е многу чудно.

„Искачувањето не е само спорт. Тој содржи многу повеќе, пред се’ тука се работи за доверба, вера, за откажување од контролата. Така што овој спорт многу добро се вклопува во една поранешна црква“, објаснува Симоне Лаубе членка на друштвото „Црква за искачување“.

Овој филозофски поглед го делат и многу спортисти.

„Се чувствувате ли посигурно во црквата?“

„Да во секој случај“.

„Господ е се’ уште тука?

„Да Господ е насекаде“.

Искачување наместо молитва. Многумина во градот се’ уште се противат на одлуката. Тие сметаат дека Божја куќа не смее да се претвори во место за бизнис, како Михаел Гауерт:

„Кога железнички станици ќе се претворат во нешто вакво, тогаш е во ред. Но, црквите не смеат да служат за нешто вакво“.

„Се противиме на тоа. Тоа не е зграда како и секоја друга“, вели Ортвин Цајзе.

„Подобро ќе беше црквата да ја претвореа во музеј или во некоја институција за деца, нешто добротворно“, смета Корина Халверс.

Во Менхенгладбах се наоѓа и англиканската црква Свети Георг. Ни таа веќе не е црква, туку ресторан. Во Германија во меѓувреме секоја десетта црква е празна. На инвеститорите тие им се многу интересни.

Како впрочем и црквата на Свети Петар, која сега и официјално се нарекува Црква за искачување.