1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Црвен картон за Француската фудбалска федерација

Тренерот на Француската фудбалска федерација се извини по аферата околу етничките квоти во фудбалските школи на федерацијата. Аферата го погоди целото француско општество.

default

Црвен картон

Тренерот на Француската фудбалска федерација Лорен Блан се извини поради своите изјави околу потеклото на фудбалерите во Франција, за што беше обвинет во јавноста за расизам. За француската телевизија ТФ 1, во петокот вечерта, Блан рече дека „зборовите му излетале“ и дека поради тоа размислувал и за оставка. Тој

Лорен Блан

Лорен Блан

додаде дека оставка, сепак, не би била вистинско решение. Интернет порталот Медиапарт, на крајот на април, објави дискусија околу квотите за играчи со двојно државјанство што Блан ја водел со функционери на Француската фудбалска федерација. За време на средбата Блан се изјаснил за квоти во фудбалот. Според наводите, се размислувало за воведување етничка квота од 30%, односно во клубовите да се обучуваат најмногу 30 проценти играчи со африканско потекло. Во Франција поради тоа се водеше жестока дискусија, а министерката за спорт Шантал Жано, пред неколку дена му даде поддршка на Блан, велејќи дека 45-годишниот селектор не ја прекршил забраната за дискриминација.

Аферата силно ја погоди Франција

Парискиот весник „Либерасион“ на насловната страна неодамна отворено го постави прашањето: „Дали францускиот фудбал е расист?“

Одговорот не е лесен, но полемиката предизвикана со аферата околу етничката квота на фудбалери со арапско или африканско потекло во фудбалските школи на Француската фудбалска федерација е оправдана, бидејќи таа не се однесува само на францускиот фудбал, туку и на целото француско општество.

Оваа афера ја погоди Франција таму каде што најмногу ја боли: „нефункционирањето на нејзиниот модел за интеграција, потоа социјалната и урбаната сегрегација во која се чуваат од пред три генерации милиони граѓани со имигрантско потекло“, одговара Пол Кинио во „Либерасион“.

Расизам го следи фрaнцускиот фудбал

Откако лидерот на крајната десница Жан Мари Ле Пен во 1996 година ја стигмастизира француската фудбалска селекција како премногу „црна“, слични размислувања со дози на расизам го пропратија францускиот фудбал, кој во последниве десет години нема значајни резултати.

Flash-Galerie Zinedine Zidane WM 1998

Триколорите заборавија како изгледаат големите успеси (Архивска фотографија од победата во 1998 година)

„Сметам дека е крајно шокантно што водачите на Француската фудбалска федерација можат така да зборуваат, бидејќи тоа се зборови од старите стереотипи од почетокот на ХХ-от век. Поголемата застапеност на млади арапи или црнци во светот на фудбалот се должи на социјални фактори, со оглед дека фудбалот се појавува како место каде нема дискриминации и каде можат да успеат тие кои имаат талент, отколку на нивните природни физички квалитети“, нагласува историчарот Пап Н’Диај.

Паскал Бланшар, кој работеше на изложбата „Сините кои дојдоа од сите четири страни на светот“ и Иван Гасто, кооориднатор на изложбата „Напред Франција! Фудбал и имиграција“, во париски „Ле Монд“, констатираат дека исто како и во француското општество, така и тие кои раководат со судбината на францускиот фудбал се покажаа неспособни да ја земат в предвид разноликоста. „Тие се глуви на феноменот на мулти-припадноста, последица на колонијалното минато и на се’ уште непознатата историја на миграцијата. Невидливи во другите сектори на јавниот живот ’Blacks et Beurs’ (’Црнците и Арапите’) се повеќе од присутни на спортските терени, кои се скоро единствениот простор за социјален успех на бројни млади со потекло од француските прекуморски департмани и пред се’ од предградијата.“

Michel Platini

Мишел Платини со погодок за Франција

Најголемите француски фудбалери се со странско потекло

Не треба да се заборави дека тие кои оставија најголеми траги во францускиот фудбал се со странско потекло. Рејмонд Копа син на полски имигранти, Мишел Платини на италијански, исто како и добар дел на најтрофејната генерација на француски фудбалери, таа на Зинедин Зидан и Лилиан Турам, светски шампиони во 1998. Откако генерацијата на шампионите од 1998 започна да се дели меѓу тие кои го напаѓаат или го бранат актуелниот селектор Лоран Блан, се огласи и нивниот лидер, Зинедин Зидан. Зидан во интервју за „Л’Екип“ смета дека Лоран Блан треба да продолжи да ја предводи фудбалската селекција и дека не верува дека Лоран Блан е расист.

Автор: Тони Гламчевски/ ЕМФ/ афп/ дпа

Редактор: Александра Трајковска