1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црвенковски ќе го потпише Законот за употреба на јазиците

Претседателот Бранко Црвенковски откако ќе се врати од одмор ќе стави потпис на Законот за употреба на јазиците, но не и на другите закони за кои бара повторна дебата и учество на опозицијата при нивното усвојување.

default

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски во среда треба да го потпише Указот за стапување во сила на Законот за албански јазик, кој пред десетина денови со поддршка на опозицијата беше изгласан во Парламентот.

Првата задача по враќањето од одмор, шефот на државата ја најави во невообичаено долго соопштение за јавноста, што е и писмен политички одговор на серијата обвинувања од страна на владеачаката партија, дека свесно предизвикувал политичка и уставна криза. Овој судир станува и личен меѓу премиерот Никола Груевски и претседателот Бранко Црвенковски, затоа што во меѓувреме лидерот на ДУИ Али Ахмети се дистанцираше од кризата во нивните односи.

Претседателот во соопштението му сугерира и на претседателот на Парламентот Трајко Ваљановски, повторно да ги стави на гласање и законите за работни односи, за лобирање, за адвокатура и за енергетика, врз кои тој веќе стави вето. Со учество на опозицијата и повторната дебата и гласање ќе се нормализира парламентарниот живот во Македонија, тврди Црвенковски.

Претседателот на Собранието Вељановски реагираше веднаш и побара претседателот без двоумење да ги потпише и другите закони. Синдикатот пак и адвокатската комора на Македонија побараа претседателот да не отстапува од ветото.

DW.COM