1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Црвенковски ја продолжува посетата на Брисел

*

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, денеска во Брисел треба да присуствува на претседателската вечера по повод 50 годишнината од Римскиот договор. Вчера тој имаше одвоени средби со Високиот комесар за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување, Оли Рен. На двете средби од Македонија беа побарани конкретни резултати во реформите во судството, полицијата, администрацијата и борбата против корупцијата. Солана и Рен остро ги осудија неодамнешните инциденти во македонскиот парламент и апелираа што побргу да се утврди кои се одговорни за тие настани. Македонскиот претседател на средбите во Брисел изрази уверување дека Македонија има институционален капацитет и силна политичка волја да го забрза темпото на реформи. Црвенковски е во тридневна официјална посета на Брисел, во рамки на која ќе има средба и со генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер.