1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црвенковски: Ја донесовме најтешката одлука во историјата на партијата

По настаните од 24 декември секакво релативизирање и глумење на нормалност не би било ништо друго туку давање на „зелено светло“ на Груевски да продолжи со своите погубни политики, вели Црвенковски во интервју за ДВ

Претседателот на опозицискиот СДСМ за Дојче Веле говори за одлуката за бојкот на локалните избори и следните чекори на неговата партија.

Господине Црвенковски чувствувате ли одговорност кон граѓаните, на кои со бојкотот на локалните избори им го одземавте или стеснивте правото на избор, а на владеачката коалиција и оставивте широко отворени врати за целосно освојување на локалната власт во земјава?

Црвенковски: Одлуката за бојкот на локалните избори беше една од најтешките во историјата на партијата. Свесни сме за последиците што таа ги носи и за партијата и за државата. Но, уште повеќе сме свесни за одговорноста што би ја презеле ако со своите постапки станеме соучесници на власта во нејзините намери за инсталирање на партиско-полициски режим, рушење на правната држава и газење на демократијата. По настаните од 24 декември секакво релативизирање и глумење на нормалност, секаков обид работите да се заборават, не би било ништо друго туку давање на „зелено светло" на Груевски и „фамилијата" да продолжат со своите погубни политики. Не е точно дека со бојкотот граѓаните ќе немаат избор. Тие го имаат и се наоѓаат пред клучниот избор. Дали молчешкум и со наведната глава ќе се согласат да живеат во страв и без било каква прерспектива или ќе се решат да пружат отпор, да си ја вратат државата назад. Да ја одбранат слободата, демократијата, правдата, иднината, своја и на своите деца. А тоа е најважниот избор.

Според правни екперти, погрешно одигравте или-или", а можевте да добиете и-и". Тие сметаат дека непотребно се откажавте од локалните избори, бидејќи со натамошниот опозициски бојкот на парламентот се доведува во прашање неговиот легитимитет, па неминовно ќе мораше да се отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори, што вие го деклариравте како ваша цел. Зошто се откажавте од таа варијанта?

Mazedonien Zwischenfall im Parlament von Skopje

Бркањето на опозициските пратеници и новинарите од Собранието на 24 декември

Црвенковски: Ако правните аргументи се уважуваа ние како држава воопшто немаше да бидеме доведени во ваква состојба. Не заборавајте го фактот дека си имаме работа со власт која пред очите на целата домашна и меѓународна јавност тепаше пратеници и новинари среде парламентот и грубо кршејќи го и уставот и деловникот насилнички и противзаконито го донесе буџетот. Тоа само по себе во една нормална демократска држава би резултирало со оставка на владата. Тоа, не само што тоа не се случи, туку власта дополнително продолжи со своите недемократски постапки, како на пример, менување на деловникот во отсуство на опозицијата. Учеството на локалните избори без договор за одржување на предвремени парламентарни избори, би создавало привид на нормалност и легитимитет на актуелната власт. А ако и сакаме добро на оваа наша држава, оваа власт не треба да се легитимира туку час поскоро да се порази.

Постоше ли одреден предлог во разговорите со олеснувачите кој го пропуштивте заради антагонистички позиции, а можеше да биде компромисно решение меѓу власта и опозицијата за излез на кризата?

Црвенковски: Во изминативе дваесетина дена на маса беа ставени повеќе иницијативи и предлози кои нудеа излез од политичката криза. Буквално сите беа одбиени од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. За конструктивноста на СДСМ и „Сојузот за иднина" можете сами да заклучите од предлогот кој јавно го соопштив во петокот: Ако на локалните избори опозиционата коалиција освои повеќе гласови од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, да има предвремени парламентарни избори и обратно ако ВМРО-ДПМНЕ победи ние да се откажеме од барањето за парламентарни избори. Значи граѓаните со својот глас да

Treffen Premierminister Nikola Gruevski und Branko Crvenkovski SDSM Mazedonien

Според Црвенковски, има можност за решение се’ до денот на изборите, доколку се има политичка волја

одлучат. Има ли нешто пофер и поконструктивно од тоа? И видовте, тој предлог беше промптно одбиен. Зошто? Зарем Груевски се реши за продлабочување на кризата и за загрозување на евро-атланските перспективи само затоа што се плаши од гласот на народот? Па нели сигурно ќе победат на локалните избори? Или сепак не ќе да е така??

Има ли макар и минимална шанса за некаков пресврт до 24 март, со оглед дека има законска можност за измени на роковите за кандидатските листи?

Црвенковски: Ако има вистинска политичка волја постојат можности за решение се до денот на одржување на локалните избори. Таква политичка волја кај власта јас досега не видов. Напротив, сведоци сме на едно крајно неодговорно и арогантно однесување, радикализирање на реториката и целосно игнорирање на тешките последици за државата кои неминовно ќе следат. Сами ја создадоа оваа криза, сами ја продлабочуваат, сами ќе мора и да се соочат и со одговорноста. Ние сме цврсто решени да го продолжиме отпорот кој во наредниот период ќе се интензивира и ќе добива нови форми. Ова е битка за тоа каква држава ќе имаме и во каква држава ќе живееме. А од таква битка нема откажување се до конечна победа.