1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црвенковски очекува предвремени избори

Опозицијата во Македонија зборува за ситуација блиска на политичка криза и очекува предвремени избори ако до наесен не дојде до решение за спорот за името.

default

Бранко Црвенковски

Одржувањето на предвремени избори пред ноември, во време кога постои подготвеност на Вашингтон и Брисел за надминување на спорот со името би било крајно неодговорно, изјави денеска претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Тоа, според Црвенковски, би демонстрирало незаинтересираност за евро-атланските интеграции на земјата. Според лидерот на СДСМ, доколку не дојде до надминување на спорот со името до одржувањето на НАТО самитот кон крајот на октомври и почетокот на ноември, неопходно ќе биде одржување на предвремени парламентарни избори.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска