1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Црвенковски оддржа годишно обраќање во македонскиот Парламент

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска пред пратениците и дипломатскиот кор во собранието го оддржа своето годишно обраќање до нацијата.

Црвенковски во парламентот

Црвенковски во парламентот

ЕУ и НАТО се стратешка определба. Косово не е сериозна закана за безбедноста. Битката со криминалот не се води со партиски или етнички поделби. Македонија е во застој со реформите. Парцијални уставни промени, се отварање на Пандорината кутија. - со овие тези и сублимат, македонскиот претседател Бранко Црвенковски настапи во своето редовно годишно обраќање до нацијата.

Владиниот кабиент не го слушаше говорот на претседателот во собранието

Острите критики, на одделни владини иницијативи од претседателот Црвенковски, премиерот Никола Груевски најверојатно ги слушна само преку телевизиските екрани. Во собранието го немаше владниот кабинет, претанциите од ВМРО ДПМНЕ и Демократската партија на Албанците.

Ерво – атланските интеграции важна определба за претседателот

Пратеничкиот празен амбиент не го поколеба шефот на државата, настапи отворено и без ракавици. Црвенковски почна и заврши со Евро – атланските интеграции „Или ќе го фатиме приклучокот со или веднаш зад Хрватска, или ќе останеме во групата на преостанати земји од Западен Балкан со голема неизвесност кога ќе се укаже следната шанса. Оттука мора да направиме се‘ до крајот на 2007 да го добиеме датумот, за почеток на пристапните преговори во ЕУ.“

Клучното прашање е дали Макеоднија ќе биде подготвна, тогаш кога ЕУ ќе биде подготвена за своето наредно проширување, рече шефот на државата.

Извештајот на ЕК за Македонија реален

Црвенковски извештајот на Европската комисја го оцени објектитвен и реален и притоа ја изнесе следнава констатација: „Токму затоа и во извештајот на Еворпската комсија, кој го оценувам како крајно објективен и реален. Во многубројните изјави, ставови и заклучоци кои ни доаѓаат од Брисел, беше констатирано дека оваа година во Македонија е забележано успорување на некои сегменти и целосен застој на наопходните реформски процеси, во или поточно речено во дел од неопходните реформски процеси. “

Претседателот Црвенковски, кој не успеа во изминатиов период на сметаната на власта да биде модератор на лидерските дијалози потсети сепак на потребата од успешен политички дијалог и консензус, што е и барање на о Брисел „Затоа би сакал да ја искористам оваа прилика и да упатам апел до политичките партии и пред се’ до нивните претседалтели: Надминете ги тесно партиските интереси и личните суети. Не губите време објаснувајќи и на јавноста и странските амбасадори колкава е вината на другите за неупешните разговори. На Република Македонија не и треба виновник, туку решение односно успешен политички дијалог и конкретни резултати.“

Поддршка за борбата против криминалот од Црвенковски

Шефот на државата Бранко Црвенковски ја подржува борбата против криминлаот, но не со определби на ваши или наши, на семејни поделби, сопартиски или етнички критериуми, туку на поделба на чесни граѓани и криминалци. „Сите претходни влади, во одредени периоди, со повеќе или помалку успех, демонстрираа енергичност во борбата против криминалот, направен во периодот на претходната власт. Но вистинскиот предизвик е кога таа борба треба да се насочи кон сопствените редови.“

Македонскиот претседател ја предупреди владата да не го дефокусира вниманието од реформите со парцијални уставни промени или со тема како што се религиозните празници.

Спорот околу името со Грција – надворешно политички приоритет

Во надворешно политичките промени Црвенковски се задржа на спорото околу името со Грција. Неприфатлива е промената на уставното име. За малцинските права на Македонците во соседството, шефот на државата како еден од единствените политички фактори кој застана зад правата на Македонците во соседството, побара соодветни европски стандарди во нивната заштита.

Добри односи со Белград и Приштина

Македонија сака добри односи со Белград и Приштина и очекува конечна демаркација, но и постојано воено и меѓународно присуство заради регионалната и вкупната стабилност на Балканот и Косово

„Не очекувам сериозни закани за стабилноста и безбедноста на Репубилка Македонија. Ситуацијата околу разврската за Косово, внимателно ќе ја следиме. Ниеден ризик нема да потцениме и ќе се обидеме, благовремено и превентивноќе делуваме, ако тоа е неопходно. “

ПретседалтеоЦрвенковски го слушаше дипломатскиот кор, а заврши со аплауз од неговите довчерашни сопартијци од СДСМ и дел од опозициската Демократска унија за интеграција. Настапот на шефот на државата го слушаа и лидерите на владеачката НСДП Тито Петковски и првиот социјалист Иванов.

„ Му благодарам а на претседателот на Република Македонија, за неговото обраќање.“

Спикерот Георгиевски беше единсениоиот од владеачјката ВМРО ДПМНЕ и Демократската партија на Албанците, чии пратеници и лани го бојкотираа претседатлот Црвенковски.

Дел од реакциите, зошто некои пратенички групи не присуствуваа во собранието

Влатко Ѓорчев и Мендух Тачи за зборуваат за тоа зошто нивните пратенички групи, шефот на државата и натаму го третираат како граѓанинот Црвенковски

„Аргументите, кои ги изнесе беа само повторување на тоа што вчера го зборуваа СДСМ и ДУИ. Мислам дека работите ќе се смират, дијалог ќе има, државата ќе оди напред, ако човекот што денеска зборуваше, најде доблест да признае дека е нелегитимен и нелегален на столицата каде седи.“ рече Мендух Тачи

„Четири лаги и 14 години загубени на македонската демократија. Едноставно имаме узурпирање на оваа функција од човек кој што едноставно не ја врши својата работа онака како што треба.“ рече Влатко Горчев по настапот на шефот на државта.

Бранко Црвенковски е на половина од својот мандат. Избран е од граѓаните на Македонија со околу 51 процент. Сега е претседател, институција на македонската држава.