1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Црвенковски не очекува промена на грчката политика

*

Македонија не очекува радикални промени на грчката политика во однос на името, изјави македонскиот претседател Црвенковски кој се надева дека и новата влада под раководство на премиерот Караманлис ќе покаже добра воља за развивање добри билатерални односи. Црвенковски ја прифати и денешната писмена покана за средба на премиерот Никола Груевски, на која треба да разговараат за теми од национален интерес. На состанокот меѓу другото би се зборувало за прашања како докомплетирање на судскиот совет, пополнување на изпразнетите амбасадорски места, политичката и безбедносната состојба во земјата, и спорот со името со Грција. Црвенковски претходно упати апел да се решат овие прашања бидејќи за нив доаѓаат се посериозни забелешки од НАТО и ЕУ. Претседателот дури најави дека ќе се откаже од претходни консултации со него за десетина амбасадорски места, доколку кандидатите ги исполнуваат пропишаните услови за тоа.