1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црвенковски не го потпишува законот за стечајците

Претседателот Црвенковски нема да го потпише законот што на стечајците требаше да им обезбеди социјална помош до пензија,се повлече пред заканата што му ја пласираше владата-дека Македонија може да остане без ММФ и Светската банка.

И не само тоа,премиерот Бучковски и министрите за финансии и за труд Никола Поповски и Стевче Јакимовски го предупредија шефот на државата дека законот ја загрозува редовната ипслата на пензиите и приближувањето на Македонија до ЕУ и до НАТО.Поради сите овие информации и факти,с евели во соопштението од кабинетот на Црвенковски,претседателот реши да не го потпише законот и на тој начин да овозможи повторна рапсрава во Парламентот,за да се соочат сите аргументи и факти и да се најде посоодветно решение за стечајците.Тие чекаа пред Парламентот додека траеше средбата на државниот врв.Се надеваа дека законот ќе добие виза од претседатеот,зашто без помош од државата,тие одвај преживувале:

-Имам две деца кои не работат,маж ми е во железара и има 8 илјади денарии плата,се знае како преживуваме.Ние бараме претседателот да го потпише законот како што е изгласан,друго ништо не бараме,вели една жена од стечајците.

-Нека дојде ММФ,кој е тој, да види како живеме,револтирано вели еден друг стечаец.

Стечајците се заканија со социјална револуција ако на повторното гласање во Парламентот се укинат одредбите од законот што предвидуваат социјална помош до пензија од стотина евра месечно за нив.Но од одлуката на претседателот и олесна на владата-ММФ нема да и се налути на Македонија-бордот во Вашингтон вечер треба да и го потврди аранжманот.

-Очекувам денес по американско време бордот да го одобри прегледот на последниот аранжман кој го имаме со нив,изјави министерот Никола Поповски.Владата од стартот се спротиставуваше на овој закон,но во Парламентот,тој доби поддршка и од владеачкото мнозинство.Овдешните аналитичари тоа го протолкуваа како добро изрежирана претстава за предизборна реклама.Медиумите препознаа скриена колаиција меѓу СДСМ и ВМРО Народна на Љупчо Георгиевски,која го иницираше законот,а економските експерти се посомневаа дека владата непотребно направи драма од овој настан за да ја минимизира одлуката на холандската ИНГ банка да не инвестира во Македонија.