1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црвенковски на средби во Брисел

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска во Брисел со европските дипломати разговараше за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ. На агендата не изостана ниту горливото прашање околу спорот со Грција.

default

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски и генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер на поранешна средба

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски, денеска во Брисел се сретна со Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, специјалниот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана и во седиштето на НАТО со генералниот секретар на Алијансата, Јаап де Хоп Шефер.

Една од главните теми на разговорите со Де Хоп Шефер беше спорот со Грција како препрека за приемот на Македонија во НАТО. Шефер притоа нагласи дека одлуката од Самитот во април годинава во Букурешт останува, и во моментов не може да се промени, но изрази надеж дека наскоро Грција и Македонија ќе најдат решение за името.

Надеж за скорешно решавање на спорот изрази и Еврокомесарот Оли Рен, претпладнето во Брисел. Рен, по средбата со македонскиот претседател Црвенковски, нагласи дека членството на Македонија во Унијата, зависи од напредокот при имплементацијата на политичките критериуми. Во однос на претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во исполнување на стандардите за прием во ЕУ, Еврокомесарот рече дека тој ќе биде објективен, правичен и балансиран.

Двајцата соговорници разговарале и за регионални прашања.