1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Црвенковски на средба со Баросо

Македонија треба да продолжи со реформите, а Европа ќе ја поддржува е пораката до сите партиит во земјата што преку претседателот Бранко Црвенковски ја испратија европските дипломати.

Црвенковски и Баросо во Брисел

Црвенковски и Баросо во Брисел

Ниту претседателот на Европската комисја Жоже Мануел Баросо незнае кога Македонија ќе добие датум за преговори за членство, ако реформите се бавни како минатат година, ако во нив нема политички консензус.

Жозе Мануел Баросо по средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски порача дека Европската комсија е решена да ја поддржи интеграцијата на Македонија, но претходно таа мора да ги оствари клучните реформи околу администрацијата, судството корупцијата „За да се остварат реформите потребен ви е политички консензус. Ве охрабрувам сите политички партии да сторат најмногу што можат дури и околу и најчувствителните прашања.“ рече Баросо

Обновувањето на дијалогот според него е предизвик не само за политичките сили туку и за македонските институции.

На прашањето дали е релно очекувањето во 2008 година Макеоднија да добие датум за преговори за членство Жозе Мануел Баросо остана крајно воздржан. Ние не можеме да се обврземе за датум, она што можеме да го кажеме е дека есенва Европската комисија ќе направи проценка за прогресот на земјата.

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски се согласи со Баросо дека Македонија во 2006 година не направи толку колку што можеше и колку што требаше. Тој сепак тврдеше дека оваа година ќе се удвојат напорите за да се надомести пропуштеното. Наша следна цел е добивање на датумот на преговори и не очекуваме тој да ни биде подарен туку напорно ќе работиме за да го заслужиме, рече македонскиот претседател. Со средбата на Баросо македонскиот претседател ја заврши дводневната посета на Брисел.