1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црвенковски на самит на ЈИЕ

На самитот на шефовите на држави и влади на ЈИЕ во Поморие дојде до размена на неформални мислења но не и конкретна средба меѓу претседателот на Македонија Бранко Црвенковски и грчкиот премиер Костас Караманлис.

default

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски учествува на самитот во Поморие

На првиот ден од сотанокот на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа немаше билатерална средба, но сепак шефот на македонската држава и првиот човек на грчката влада разговарале за време на свечената вечера, којашто ја организираше бугарскиот премиер Сергеј Станишев. Во друштво на неколку други шефови на држави и влади се разговарало за актуелните прашања на Балканот но нема потврда дека станало збор и за македонско - грчките односи и прашањето за името.

Разговори за името по изборите во Македонија

На маргините на самитот, вчера попладне, во неформалните контакти меѓу грчките и македонските претставници на кои се разговарало и за индината на регионот се вклучила и грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани. Таа на брифингот со грчките новинари ја исклучила можноста да дојде до директна средба на Црвенковски со Караманлис. Грција според неа останува на ставот, контактите со Македонија да продолжат по изборите кога ке биде избрана новата влада.

Кабинетот на македонскиот претседател потврди дека грчката страна досега не побарала средба со Црвенковски, при што се наведува дека доколку такво барање пристигне тоа нема да биде одбиено.

Вето на завршниот докумет

Инаку првиот ден на самитот помина и во тензии, што според очекувањата дојдоа од страна на Србија. Србија стави вето на завршниот документ од средбата во Поморје. Имено министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ го блокираше усвојувањето на завршниот документ на форумот на државите - членки во Процесот на соработка во Југоисточна Европа. Белград не се согласи Kосово во документот да се спомнува во контекст кој сугерира дека станува збор за независна држава надвор од територијата на Србија. Истовремено, српската делегација што ја предводи претседателот Борис Тадиќ спречи на учесниците на собирот да им се обрати шефот на косовската дипломатија Скендер Хисени, барајќи во име на Косово да зборува претставник на УНМИК.