1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Црвенковски на Самитот на Советот на Европа во Варшава

На билатералните средби на маргините на Самитот , македонскиот претседател доби јасна подршка од неколку шефови на држави членки на ЕУ за македонските настојувања за побрзо членство во ЕУ и НАТО. Од Варшава извештај на Тони Гламчевски

Заедничка фотографија во Варшава на лидерите на 46-те држави членки на Советот на Европа

Заедничка фотографија во Варшава на лидерите на 46-те држави членки на Советот на Европа

Како по обичај, средбите на врвот се одлична прилика за кратки билатерални средби на учесниците. Од тоа правило не отстапи ни Третиот самит на Советот на Европа, кој се одржува во полската престолнина. Бројот на сите, билатерални средби реализирани во Кралскиот замок на полската престолнина кога би ги помножиле со бројот на учесниците,би бил навистина импозантен. Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски во Варшава во текот на вчерашниот ден се сретна со Претседателот на Република Словачка Иван Гашпарович, Претседателот на Естонија, Арнолд Рутел, со Претседателот на Република Австрија Хајнц Фишер и со Претседателката на Летонија Ваира Вике - Фреиберга.

Валентин Николовски, порт-паролот на македонскиот претседател, за содржината на разговорите за радиод Дојче Веле изјави:

- На сите средби, Претседателот Црвенковски доби уверување дека Република Македонија има целосна подршка на овие земји, во активностите за членство во ЕУ и НАТО. Притоа Претседателот Црвенковски, истакнувајќи дека Република Македонија очекува позитивно мислење од Европската Комисија по поднесените одговори на европрашалникот, како и покана за членство во НАТО на идниот Самит на Северноатлантската Алијанса, подвлече дека искуствата во евро и евроатлантските интеграции, посебно од новите членки на Унијата, Словачка, Естонија и Летонија се добредојдени за забрзување и засилување на процесот за интегрирање на Република Македонија воовие структури.

Николовски како особено важна ја смета средбата на Црвенковски со Претседателот на Австрија Хајнц Фишер.

- Претседателот Црвенковски б ќе ја посети Австрија кон крајот на септември, годинава, односно непосредно пред очекуваното мислење на Европската Комисија на одговорите на европрашалникот од страна на Република Македонија, што е исклучително важен момент, со оглед на тоа што Австрија ќе претседава со Европската Унија од 1 јануари 2006-та година.

Интересен е советот Претседателката на Летонија Ваира Вике - Фреиберга која и го дала на македонскиот претседател.

- Претседателката истакна дека на патот кон ЕУ е исклучително значајно да се работи на добивање поддршка не само во Брисел, туку и кај секоја до 25-те земји членки пооделно. На што Претседателот Црвенковски, од своја страна истакна дека Република Македонија е целосно подготвена да ги спроведе реформите, кои се во тек во сите области и дека на тој пат и е потребна и принципиелна поддршка од земјите членки на Унијата.


На билатерланите средби, како што ни објасни Николовски не биле заборавено ни прашањето за името на Државата.


- Претседателот Црвенковски ја образложи позицијата на Република Макеоднија во однос на разговорите за разликите околу името со Република Грција, што се водат во Обединетите Нации во Њујорк.

Претпладнево, Црвенковски ќе им се обрати на учесниците на Третиот самит на Советот на Европа, исто како и германскиот канцелар Герхар Шредер.

Денес се очекува и донесувањето на финалниот документ, така наречената „Варшавска декларација“, со која се утврдени идните надлежности на Советот на Европа по проширувањето на Европската Унија.

Претседавачот со Европската Унија, Жан-Клод Јункер, вчера беше многу јасен:„Нема основа за ривалство меѓу Советот на Европа и Европската Унија“.

Учесниците на младинскиот самит, кој паралелно се одржува во Варшава побараа од шефовите на државите и владите од 46-те земји членки на СЕ, да ја „признаат улогата на младите, како незаобиколен актер во европската конструкцијам барајќи лансиразе на една кампања за поголемо вклучување на младите.“