1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црвенковски најавува отстапки кон опозицијата

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска или утре ќе се сретне со лидерите на СДСМ Радмила Шеќеринска и на ДПА , Мендух Тачи, за да ги убеди да се вратат во Собранието.

default

Црвенковски нуди непотпишување на експресно донесените закони во замена за прекин на бојкотот на опозицијата на Собранието

Доколку СДСМ го прекине бојкотот на Собранието и другите институции, Црвенковски е подготвен да го помилува градоначалникот на Струмицаи потпретседател на Социјалдемократите, Зоран Заев и неговите соработници. На прес конференцијата македонскиот претседател им порача на СДСМ дека политички битки не се добиваат со бојкот.

Доколку ДПА пак го прекине бојкотот на Собранието, шефот на државата ќе го употреби правото да не го потпише указот за стапување во сила на донесениот Закон за употреба на јазиците, на кого има забелешки оваа партија.