1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Црвенковски, Македонија направи многу отстапки за името

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски во интервју за грчкиот весник „Катимерини„ изјави дека Македонија досега направила многу отстапки за решение на спорот со уставното име на земјата. Македонија сака решение на проблемот и во преговорите учествува на конструктивен начин и со позитивно изразена воља, но за жал Атина го одби последниот предлог на посредникот Метју Нимиц, изјави Црвенковски. Шефот на државата очекува силно охрабрување за членство во НАТО од посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Тирана. Црвенковски смета дека доколку до приемот на Македонија во НАТО не биде решен проблемот, земјата е подготвена за влез во Алијансата и под референцата БЈРМ, но како привремено решение.