1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црвенковски за предизвиците и перспективите

Денеска заврши циклусот тркалезни маси „Македонија - предизвици и перспективи“, што во текот на изминатава година ги организираше македонскиот претседател. Кои беа темите на последната дебата?

default

Црвенковски: Пред 2-3 години тврдевме дека македонските Албанци ќе бидат првите Албанци кои ќе влезат во НАТО

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, денеска го заврши циклусот тркалезни маси: „Македонија - предизвици и перспективи“, започнат пред една година. „Колку сме поинтегрирани во НАТО и ЕУ, толку сме поинтегрирани и внатре во земјата“, рече Црвенковски, упатувајќи критики кон владината популистичка политика на изолација од НАТО и ЕУ, со сомневање дека бизнисмените, од страв, градат полтронски однос кон премиерот Груевски.

Видливо дистанциран од владината политика, Црвенковски денеска се обиде да собере многубројна публика. И додека на првата тркаленза маса присуствуваа десетина интелектуалци, новинари и аналитичари, денеска беа присутни четворица панелисти. Владините претставници го игнорираа целиот циклус.

Дали последниот настап на Црвенковски во улога на претседател, пред присутните, кои во нејголем број беа симпатизери или членови на СДСМ, значи и официјална потврда на неговиот кам-бек во редовите на социјал-демократите? Слушнете во прилогот подолу.