1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Црвенковски за изјавите на Буш во Тирана

*

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска во Охрид ја оцени како очекувана пораката на американскиот претседател Џорџ Буш од Тирана дека САД силно ја подржуваат Јадранската група на патото кон НАТО , но дека ќе зависи од реформите што ги спроведуваат земјите од групата. Според Црвенковки наважно е што Вашингтон останува силен подржувач на проширувањето на Алијансата и оти Македонија ја гледа како една од потенцијалните кандидати за членство во наредниот круг. Децидните изјави на Буш за идниот статус на Косово , според македонскиот претседател се потврда за решеноста на Вашингтон во наредниот период да се официјализира планот на Марти Ахтисари и да се пристапи кон негова реализација.