1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Црвенковски жали за инцидентите во Македонија

*

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски на денешната прес конференција изрази жалење за минатонелните инциденти во Собранието и за нападита врз новинарите. Оценувајќи ги случувањата како примитивизам и удар врз слободата на медиумите, Црвенковски повика виновниците за инцидентите да се соочат со кривична и политичка одговорност. Црвенковски кој во среда патува за Брисел на средба со претставници на ЕУ и НАТО, жали што наместо за напредок во политичкиот дијалог, сега ќе треба да објаснува за тоа дали земјата има институционален капацитет и политичка воља, како и јасен план за враќање на работите во нормала. Црвенковски за утре иницира средба со лидерите на четирите најголеми политички партии во земјата, за како што рече „да види за кои прашања постои согласност меѓу нив, а каде треба уште да се работи.“