Црвенковски: „евтина театарска претстава на Груевски и Ахмети“ | Македонија | DW | 06.10.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црвенковски: „евтина театарска претстава на Груевски и Ахмети“

„По вчерашната седница на собранието, по сето она што го видовме и слушнавме, а посебно по исходот од гласањето за доверба на владата, стана јасно дека не постои криза во коалиционите односи помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ“.

default

Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ

Ова денеска на прес-конференција го изјави претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, притоа додавајќи дека коалициските препукувања се само театарска претстава на Груевски и Ахмети.

„Се потврдија сите наши укажувања дека сето она што го гледавме во изминативе два месеци, сето нивно загрозување на меѓуетничките односи, сите нивни меѓусебни препукувања преку девалвирање на институциите, кршење на законите, бламирање на армијата, па дури и преку злоупотреба на децата, не се ништо друго освен евтина театарска претстава во режија на Никола Груевски и Али Ахмети“, рече Црвенковски.

Според него, тоа претставува премногу опасна игра за, како што рече, задоволување на нивните ситни лични потреби - Груевски лажно да се претстави како македонски патриот, а Ахмети лажно да се претстави како заштитник на правата на Албанците.

„Вчера уште еднаш се покажа дека за оваа власт криминално–тендерските интереси се поважни од чија било национална гордост и достоинство, од чии било права и статус и од кои било закони и институции на Република Македонија“, нагласи Црвенковски, притоа повикувајќи го премиерот да запре со политичкото препукување со коалициониот партнер.

Mazedonisches Parlament spricht Vertrauen aus

Собранието на Република Македонија со 42 гласови „за“, 68 „против“ и ниту еден воздржан, доцна вчеравечер не и’ изгласа недоверба на Владата.

„Сложно и братски да се договорат за бранителите“

„Така како што синоќа сложно и братски гласаа, денес сложно и братски нека се договорат за законот за бранители, за имињата и таблите на училиштата, за паралелките во Аеродром, Чаир и Сарај, за почитувањето на хиерархијата и одговорноста во АРМ и пред сe’ за почитување на законите и институциите во оваа земја“, порача Црвенковски.

Тој ја повика владата под итно, веќе од понеделник, да предложи измени на изборниот закон во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и во најкус можен рок прочистување на избирачкиот список.

„Доколку во еден разумен рок од неколку дена владата тоа не го направи, СДСМ ќе поднесе свој предлог за измени на изборното законодавство до Собранието на Република Македонија. Потоа ќе стане сосема јасно кој е, а кој не е подготвен за соочување со волјата на народот“, заклучи Црвенковски.