1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црвенковски го одбра „помалото зло“

Разрешени се амбасадорите во Лондон и во Виена.„Министерот Милошоски води политика со која ги става во заложништво односите на Македонија со САД и Велика Британија“,реагира Црвенковски

default

Македонските амбасадори во Лондон и Вашингтон останаа во Скопје.Ѓорѓи Спасов сам си поднесе оставка на крајот од својот мандат во Велика Британија.Екс претседателот на Парламентот Љупчо Јордановски ќе биде повлечен од САД по само три месеци престој. Указот за неговото разрешување го потпишал македонскиот претседател Бранко Црвенковски по непријатната средба со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.Шефот на дипломатијата му предочил на претседателот дека има намера во Скопје да го држи Јордановски се до неговото конечно отповикување,на перманентни консултации.

„Министерот се реши да води политика со која ги стави во заложништво битните за Македонија,за нас многу значајни односи со САД.Соочен со таква ситуација јас денеска решив да донесам за мене тешка одлука или можеби поинаку кажано да го изберам помалото зло,тоа значи да донесам указ со кој го отповикувам амбасадорот Јордановски од таа функција,меѓутоа би сакал да ја искористам оваа прилика и да упатам една јасна и јавна порака до владата на Македонија дека е ова прв и последен пат да се случи ваков преседан“,реагираше денеска претседателот Црвенковски.

Амбасадорите Спасов и Јордановски во јавна преписка преку македонскиот печат спореа околу вината на претседателот Владо Бучковски за поразот на СДСМ на парламентарните избори,првиот во критичка интонација,дипломатот од Вашингтон со поддршка за екс премиерот Бучковски.

Тоа за новата власт беше знак за партизација на амбасадорскиот кор на Македонија,и за прекршување на дипломатскиот кодекс.Разрешувањето на двајцата дипломати во клучни и влијателни земји во ЕУ и НАТО пред самитот на Алијасната во Рига не беше аргумент владеачкиот тандем Груевски и Милошоски да се повлечат од изборните ветувања за смена на двајцата амбасадори.

Со овој чекор новата влада почнува да ги заострува релациите со претседателот Црвенковски.Претходно шефот на државата беше осомничен за лош договор па и проневера за зделката со Мајкрософт додека бил премиер.Црвенковски тоа го оквалификува како соопштение на МВР што значи политички памфлет.Премиерот Груевски не ја прифати ниту идејата на опозиционата Демократска унија за интеграција претседателот на државата да биде модератор на лидерски самит околу спорниот закон за полиција,за кој веќе една неделе се дебатира со остри конфронтации во Парламентот.