1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Црвенковски ги осуди инцидентите во Парламентот

Наместо да однесе конкретни резултати во Брисел, ќе треба да објаснува за инцидентот во Собранието, изјави македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Тој утре одделно ќе се сретне со партиските претседатели.

default

Бранко Црвенковски - претседател на Македонија

Пред заминувањето во Брисел и средбата со Јаап де Хоп Шефер и ЕУ врвот Хавиер Солана и Оли Рен, македонскиот претседател Бранко Црвенковски за утре на поединечни средби ги повика претседателите на најголемите парламентарни партии, Никола Груевски, Али Ахмети, Радмила Шеќеринска и Мендух Тачи.

Примитивизмот што ни се случи минатата недела не доликува на еден храм на демократијата, на толеранција и меѓусебно почитување, остро реагираше претседателот на Македонија по враќањето од Њујорк. Тој на денешната прес конференција ги осуди и нападите врз медиумите.

Во центарот на НАТО и Европската унија, Црвенковски заминува со песимизам затоа што нема конкретни резултати, дијалог власт – опозиција, некомплетиран Судски совет, блокирана кохабитација меѓу претседателот и премиерот. Црвенковски очекува да биде прашан како и кога Макоднија ќе се врати во целосна нормала. -За да дојдам или барем да се обидам да дојдам до одговорот на овие прашања, за утре свикав поединечни средби со оние од кои најмногу зависат овие работи. Лидерите на четирите најголеми парламентарни партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Од разговорите кои ќе ги имам ќе се обидам да идентификувам кои се прашањата околу кои постои согласност, а кои се позициите на чие придвижување допрва треба да работиме. - рече претседателот.

Црвенковоски признава дека нема подготвенсот за заедничка лидерска средба и не е извесно дали владниот двоец Груевски – Тачи ќе дојдат во претседателскиот кабинет - Можам да констатирам дека во овој момент, не постојат индикации за сериозно нарушување на безбедносната сосотојба во Република Македонија, ниту за загрозување на територијалниот интегритет на нашата држава. Точно е дека постојат поединци и групи, кои во последно време се раздвижени, кои воглавно се водат од криминални мотиви, кои често пати ја преминуваат границата меѓу Македонија и Косово. - одговори претседателот Црвенковски за раздвиженоста на криминалните групи и поединци на границата кон Косово. Преходно српскиот претседател изјави дека во Македонија на граничниот појас кон Косово, се подготвуваат радикални сили за напади во Косово.

Шефот на државата очекува на средбите со претседателите на најголемите парламентарни партии да се постигне минимум консензус и во Брисел да замине со повеќе оптимизам дека Македонија би можела да се врати на позициите за очекуван оптимизам пред се’ за приемот на Македонија во НАТО.