1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Црвенковски ги демантира медиумските извештаи за средбата со Путин

*

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска ги демантираше медиумските извештаи дека рускиот претседател Владимир Путин побарал Македонија да не го поддржува премногу гласно планот за Косово на Марти Ахтисари. Црвенковски изјави дека на разговорот со Путин на маргините на самитот во Загреб, шефот на Кремљ само го повторил ставот на Москва за косовското прашање. Црвенковски побарал од рускиот колега да го искористи своето влијание кај руските компании за нивно инвестирање во Македонија.