1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Црвенковски: Во Македонија владее стравот

Лидерот на опозициската СДСМ во новогодишно обраќање ја критикува Владата

default

Бранко Црвенковски

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во денешното новогодишно обраќање оценува дека годината што изминува беше тешка и во неа многумина се бореа против сиромаштијата, ниските плати и пензии.

Црвенковски забележува дека во изминатата година „сиромаштијата и невработеноста достигнале рекордно ниво,а ветувањата за нови инвестиции и нови работни места не се оствариле“. Според него, Македонија станала држава во која владее стравот, а не слободата, демократијата и правдата.

Сите околу нас, наведува Црвенковски, направија голем исчекор во интеграциите кон НАТО и ЕУ, а само Македонија е таму каде што беше и пред пет години.

Честитајќи им ги претстојните Новогодишни и Божиќни празници на граѓаните, тој посочува дека проблемите можат да се решат, а состојбата да се подобри.

„Се може да биде подобро. Силата и моќта да се сменат работите се во ваши раце. Ова е ваша земја. Вие, и никој друг одлучувате каков живот ќе живеете. Првиот и најважен чекор е да се охрабрите, да проговорите и да кажеме стоп за неправдите што се случуват“, вели меѓу другото Црвенковски во новогодишното обраќање.

Автор: БГ/миа

Редактор: Симе Недевски