1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Црвенковски во Берлин

*

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски кој се наоѓа во посета на Германија по покана од неговиот колега, сојузниот претседател Хорст Келер, претпладнето во Берлин најнапред имаше средба со шефот на пратеничката група на Социјалдемократите во Бундестагот, Петер Штрук. Пред средбата со неговиот домаќин Келер, Црвенковски ќе разговара и со претседателот на германскиот парламент Норберт Ламерт. Се очекува разговорите главно да бидат посветени на македонските аспирации за членство во НАТО и во Европската унија, како и за поддршката што се очекува на тој пат од германска страна.