1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Црвениот крст повлекува персонал од Либија

По зачестените напади врз соработниците на Црвениот крст, меѓународната хуманитарна организација ја прекинува работата во два либиски града. Изградбата на демократски структури меѓутоа продолжува.

Претставништвото на Црвениот крст во Мисрата вчера по вторпат беше цел на напад на непознати лица. Тие стрелаа со тешко оружје врз зградата во северниот либиски град. Седуммината соработници останаа неповредени, соопшти претставник на Црвениот крст во Женева, а зградата била тешко оштетена.

Напади и во Бенгази

Во минатите недели непознати лица вкупно петпати го нападнаа објектот во Мисрата како и претставништвото на хуманитарната организација во Бенгази, во источниот дел од земјата. Како последица од ваквите напади, Црвениот крст сега ја прекинува работата во двата града и ги повлекува своите соработници од нив.

Бенгази и Мисрата беа важни арени на народниот бунт против долгогодишниот властодржец Моамер eл Гадафи минатата година. Гадафи пред околу една година по повеќемесечни борби беше соборен од власт и на 20. октомври убиен при бегство во неговиот роден град Сирте.

Новиот парламент ја започнува работата

И покрај тоа што насилството не престанува, Либијците и натаму продолжуваат со изградбата на демократски структури. Според портпарол на Националниот преоден совет во Триполи, в среда власта треба да ја преземе новоизбраниот парламент. Либијците на 7. јули избраа 200 пратеници. Парламентот ќе ја води земјата се‘ до изработката на устав, по што ќе бидат одржани нови избори.