1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Црвениот крст избркан од делови на Сомалија

Бунтовници од групата Ал Шабаб му забранија на Црвениот крст да дели храна и друга помош во земјата.

default

Војници на исламистичката Ал Шабаб милиција

Исламистичката бунтовничка група Ал Шабаб во Сомалија ги избрка екипите на Црвениот крст од зоните под нејзина контрола во јужните и централни области на земјата, наведува организацијата во соопштение. На 12-ти јануари годинава Црвениот крст престана да дели хуманитарна помош во храна за околу 1,1 милиони луѓе во јужните и централни делови на Сомалија со образложение дека вооружените бунтовници го блокираат снабдувањето со храна. Ал Шабаб го обвини Црвениот крст дека на населението му дели храна која не е за конзумирање и која носи опасност од болести. Бунтовниците тврдат дека причина за забраната на Црвениот крст е „лажното обвинување“ оти негови припадници ја блокирале дистрибуцијата на храна.

Автор: БГ/СН/афп/миа

Редактор: Е.М. Фиданоска