1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Црвениот крст ги намалува испораките на крв за Грција

Поради нередовно плаќање на сметките, швајцарскиот огранок на Црвениот Крст одлучи да ги намали испораките на крв за трансфузија на банкротираната земја

Швајцарскиот оддел на Црвениот Крст најави дека ќе ги стопира испораките на крв за Грција бидејќи земјата не си ги платила сметките на време. Првиот човек на сервисот за трансфузии на швајцарскиот Црвен Крст соопшти дека бројот на пакети со крв за Грција ќе биде преполовен на 14 илјади до 2020 година.

Рудолф Швабе ги потврди информациите во швајцарските медиуми дека Грција имала насобрани долгови од повеќе милиони швајцарски франци во изминатиот период.

Долговите во меѓувреме биле платени, но Швабе соопшти дека непрофитната организација се одлучила на ваков чекор за да ги намали финансиските ризици.

Швајцарската крв која се испраќа во Грција доаѓа од неупотребени резерви за итни случаи. Грција на тој начин ја пополнува големата побарувачка на крв поради присуството на „таласемиа“- генетско нарушување кое се пренесува преку генерации, и поради кое болните имаат постојана потреба од трансфузии на крв.