1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Црвената џамија под целосна контрола на пакистанската армија

*

По речиси два дена борби, пакистанската армија соопшти дека ја има под целосна контрола Црвената џамија. Во зградата се пронајдени 73 тела, но меѓу нив нема жени и деца. Се проценува дека во престрелките од двете страни загинале над 150 лица Армијата се уште го расчистува теренот во потрага по уште екстремисти и нивни заложници. Радикалните екстремисти кои речиси една недела беа затворени во џамијата бараа во земјата да се воведе шеријатското право. Во меѓувреме, вториот човек на Ал Каида, Ајман Ал Завахири ги повика Пакистанците да се приклучат во светата војна во знак на освета за воената акција во Црвената џамија.